Сом-капиталец тежок 50 килограми бил уловен во водите на Дојранското езеро. Сомот го фатиле спортските риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов од Струмица.
– Сомот го уловивме со техника „бучка“, со мамец жива риба. Се подготвуваме да излегуваме и во тој момент рибата силно повлече. Капиталецот го влечеше Александар околу дваесетина минути, а јас го прифатив во чамецот, односно зеднички го извадивме на безбедно, раскажува Никола Полизовски.
Сомот им е најголема уловена риба досега на Александар и Никола и е меѓу поголемите од овој вид фатени во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.