Од блиндирано возило на словенечка агенција за обезбедување во градот Цеље, кон крајот на минатата година биле украдени милион евра во готовина, објави денеска мариборскиот весник „Вечер“, посочувајќи дека словенечката полиција се уште трага по крадците.
Кражбата се случила кога двајца вработени во агенцијата за обезбедување го оставиле возилото без надзор во дворот на фирмата, без да почекаат да дојдат колегите од наредната смена.
Во време на кражбата во возилото покрај пари, имало и хартии од вредност.
Полицијата смета дека крадците најверојатно имале „инсајдерски информации“ од агенцијата, што им помогнало да украдат толкава сума пари, а не е исклучено и дека знаеле каде стоел клуот од возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.