Украинка што се враќала со чартер лет од Анталија за Украина, се качила на крилото на авионот, се прошетала по него и преку вратичката за итни случаи влегла во авионот.
Оваа бизарна случка се случила пред авионот да полета, а пилотот, во согласност со упатствата, веднаш ги известил Службата за безбедност во воздухопловството, Граничната служба, полицијата и медицинскиот пункт на аеродромот Бориспол.
Жената била трезна, а авиокомпанијата „Интернејшнл ерлајнс“ ја смести на својата „црна листа“ на патници.
Полицијата и лекарите се обиделе да ја разјаснат причината за оваа постапка, но не добиле соодветен одговор. Наводно, на жената и било многу топло и не можела повеќе да чека да се качи во авиоот. Утврдено е дека таа не била под дејство на алкохол или наркотични средства.
Жената се враќала од одмор со сопругот и двете деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.