Уникатнииот автомобил ЗИС-115 – силна оклопна лимузина со која наводно се возел рускиот лидер Јосиф Сталин, кој почина во 1953 година – бил украден во Москва, пренесе РТ.

Се проценува дека неговата вредност е околу 2,8 милиони долари.

Наводно олдтајмерот го украле шест лица кои влегле и со камион и го извлекле од гаража која се наоѓа на северот на Москва.

FILE PHOTO. A ZIS-115 car. © Wikipedia / Neodarkshadow

Чудно е како успеале да го однесат возилот со оглед на неговата тежина, 4.2 тони, а исто така, сомнителни се и условите во кои била чувана лимузината, ако се знае дека е од ограничена серија, од која во периодот 1945-55 година биле произведени само 56 возила.
Од московската полиција не потврдуваат дали навистина автомобилот бил сопственост на Сталин, ниту пак дали е толкава неговата вредност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.