Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР, изјавија дека за безбедноста на учесниците полицијата ќе биде максимално ангажирана.
МВР ги презема сите мерки за да го гарантира јавниот ред и мир. Каков било обид за насилство ќе биде најстрого санкциониран – кажа на прес-конференцијата, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Кочо Андоновски од „Скопје прајд“, рече дека очекуваат меѓу 200 и 500 учесници на парадата, што е одлична бројка за настан кој се одржува првпат кај нас. Настанот ќе почне во „Жена борец”, а ќе заврши во школката кај Градскиот парк, каде што е предвидено да говори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и други говорници. За забавата ќе има диџеи, ќе настапат Тамара Тодевска и други естрадни уметници.
Eвидентни се обидите со омраза да се засили порака на еднаквост и вклучување. Евидентни се обидите да се потцени можноста отворено да разговараме за хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, кои не само што носат до ситуации на нееднаквсот, туку и го зголемуваат ризикот од насилство врз ЛГБТ заедницата – рече Андоновски.
Антонио Михајлов од организацијата на „Скопје прајд“, рече дека имаат поддршка од министри и пратеници, а очекуваат гости од соседните држави: Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора…
Кочовски на новинарското прашање дали знаат кој стои зад протестниот марш за семејни вредности, кој ќе се одржува во исто време со парадата на гордоста, рече дека немаат информации, но дека самиот факт што во исто време се одржува контрапротест, говори за тоа кои се намерите и целите организирањето ваков настан.
За жал таму нема никаква транспарентност, и за разлика од грѓанскиот сектор со кој работиме со години ние најтранспаренто кажуваме кој и со што не поддржува. За жал не знаеме кој ги поддржува и финансира и со какви активности се занимаваат. Она што е евидентно тоа е покажување омраза, двоење и поларазација, со што сакаат да кажат еве какви пристојни граѓани сме – кажа Андоновски.
Од земјите во регионот само Македонија и Босна и Херцеговина досега не одржале парада на гордоста. Во Сараево првиот ваков настан ќе се одржи во септември годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.