Истражното биро на словачката државна агенција за борба против криминалот поднесе обвинение против ученикот кој го изврши нападот во средното училиште во градот Новаки.

„Државната агенција за борба против криминалот го обвини малолетникот А.Б. за сторено тешко кривично дело убиство во обид“, изјави портпаролката на полицијата Каролина Баринкова.

Во нападот со секира ранет е еден ученик од прва година гимназија, но повредите не се од посериозна природа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.