Бугарските власти соопштија дека разбиле криминален синџир, кој печател фалсификувани пари и документи со висок квалитет.
Меѓу документите се наоѓал и лажен пасош со фотографија од глумецот Силвестер Сталоне, кој требало да ги воодушеви потенцијалните клиенти.
Обвинети се четворица бугарски државјани дека припаѓале на организирана криминална група, која изготвувала и продавала лажни бугарски документи, евра и американски долари.
Бугарските власти извршиле претрес на 30 локации во заедничка операција со Агенцијата на ЕУ за полициска соработка (Европол) и тајната служба на САД, наведуваат обвинители.
Шест лица се уапсени откако е пронајдена незаконска опрема за печатење на пари и изработка на документи, како и големо количество на лажни банкноти од 50 евра и 100 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.