Веста за апсењето на државјанин на Србија на Тенерифе, за кој се верува дека е член на озогласената криминална група „Пинк Пантер“ одекна како бомба во регионот.

Србинот синоќа е уапсен со уште пет членови на мото-бандата „Пеколни ангели“, а во станот каде се криеле пронајдени се дрога и оружје, но и поголема сума пари.

Полицајците упаднале во станот наоружани до заби и ставиле лисици на рацете на Србинот, двајца Германци, Шпанец, Французин и полски државјанин. На сите на терет им се ставаат бројни кривични дела – од трговија со дрога и луѓе, до изнуда и насилство.

За време на претресот на просториите кои членовите на бандата го користеле полицајците користеле кучиња-трагачи, кои им помогнале да пронајдат поголема количина наркотици од бројните скривалишта во станот.

Така на снимката може да се види како полицајците пронашле дрога, која внимателно е измерена, спакувана и спремна за продажба. Полицајците по фиоките пронашле ги голема количина пари. На повеќе места биле скриени илјадници евра во ситни апоени.

Моторџиите се уапсени во акција со специфично име „Вепар-Вулкан“, а истрагата против нив е започната во септември минатата година. Благодаренија на поддршката на колегите од Данска, Франција и Норвешка, полицијата на Тенерифе влегла во трага на озогласената банда чии членови во матичните земји се теретат и за подведување и трговија со луѓе.

За време на инстрагата откриени се и две големи плантажи со марихуана, а вчера за време на рацијата запленети се повеќе од 1000 стебла од оваа билка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.