Турската амбасадорка Тулин Еркал Карапри ја посети Али пашината џамија во охридската чаршија. Таа кажа дека реконструкцијата на овој верски објект бил сон на турскиот претседател реџеп Таип Ердоган. Токму поради тоа, Ердоган лично ќе присуствувал на свеченото отворање на реконстриураната џамија.

Се работи на усогласување на термин кој одговара на сите претседателот Ердоган заедно со македонскиот државен врв да присуствува на свеченото отворање на реконструираната џамија во Охрид, истакна амбасадорката Тулин Еркал Карапри.

За реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид имаше протокол потпишан од двете земји.

Иако имаше одредени ситни забелешки, мислам дека реконструкцијата е направена максимално верна на оригиналот. Имам информација дека тука имало одредени реакции во јавноста поврзани со изградбата на џамијата, но се потрудивме да се придржуваме до проектот предвиден со протоколот, додаде Еркал Кара.

Амбасадорката додаде дека генералното муфивство на Турција преку „ТИКА“, која ја финансира и реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид,  има реконструирано над 1000 верски објекти во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.