Турската страница „derindusunce.org“ на својот Твитер профил објави лажна фотографија Аркан, за кого напишаа дека е жив и дека дошол во Ерменија да се бори во Нагорно Карабах против азербејџанските сили.
За да претстават дека сè се реално, тие ја преработиле старата фотографија на Аркан на која го ставиле популарниот „филтер за старост“, кој стана вирален меѓу младиот свет на сите социјални мрежи.
на профилот на Твитер, заедно со фотографијата напишаа и дека „Аркан дошол да им ги земе сопругите и децата на воините таму“.
Сепак, доказот дека станува збор за измама е и фактот што објавата на Твитер беше избришана само еден час по објавувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.