Кампања за борба против рак на дојка на 26 септември (недела) ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, кај Школка, а во нејзиното одбележување ќе се приклучат и 16 други градови. Во рамки на кампањата по 13. пат ќе се одржи и традиционалната трка/прошетка „Race for the Cure“ – „Напред розово“.
Настанот е во организација на Здружението „Борка–За секој нов ден“, во соработка со најголемата европска алијанса на пациентски здруженија „Тинк Пинк Јуроп“ (Think PinkEurope).
Изминатава година и половина, Ковид-19 пандемијата предизвика сериозни застои кај третманот на сите останати болести. Сега, можеби повеќе од кога било е потребна нашата поддршка за сите оние кои се соочуваат со ракот на дојка. Нашата цел е да испратиме порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите во време на корона вирусот како основен предуслов за победа над оваа болест – информираат од Здружението.
Оттаму посочуваат дека пациентите со рак не смеат да бидат заборавени поради пандемијата и дека секој од нив заслужува персонализиран пристап на терапија, достапност на најсовремените иновативни лекови и навремена терапија,
Ве охрабруваме да ни се приклучите на нашиот настан и заеднички да чекориме во знак на поддршка за сите кои водат битка со ракот на дојка како и во чест на оние кои ја изгубија битката со оваа болест. Можете да се регистрирате на платформата www.raceforthecure.eu/
mk/, да направите свој тим, да ги поканите Вашите пријатели и заедно да го обоиме светот во розово. Можете да направите компаниски тим и да ги поттикнете Вашите вработени да бидат дел од една хумана мисија – велат од Здружението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.