Популарниот хаштаг „#SugarBabies“ собра повеќе од 211,4 милиони прегледи на платформата за споделување видео на „Тик Ток“, а илјадници млади жени откриваат на кој начин добиле дизајнерски чанти, луксузни патувања, па дури и скапи автомобили од мажите кои ги запознале преку Интернет .
Некои жени дури признаваат дека на своите момчиња им испратиле список со желби со скапи чанти „Хермес Биркин“ и накит од „Картие“ вреден 45.500 долари, луксузни работи за кои многу жени само би сонувале.
На едно видео, една жена од Америка признава дека тајната е да напишете кратка и интересна биографија, да не го користите своето „сопствено име“ и да се преправате дека веќе го имате „животот што го сакате“.
Вашата биографија нека биде кратка и слатка и никако да биде здодевна. Важно е да опишете како го замислувате идеалниот партнер, но не и да ја откриете вашата личност. Исто така, не сакате да зборувате премногу за себе во описот од безбедносни причини, плус нема да имате за што да зборувате подоцна – вели оваа корисничка на социјалната мрежа.
Таа вели и дека профилот треба да ја открива вашата естетика и да одразува каков богат човек барате.
Немој да кажуваш дека претпочиташ тивки ноќи со чаша вино и добра книга ако објавуваш слики на кои пиеш со девојки – вели таа.
Што се однесува до оние кои претпочитаат готовина наместо подароци, таа предложува да бидат искрени во врска со тоа, како и однапред да се согласат колку ќе биде тој хонорар и во замена за што.
Таа исто така вели дека не можете да бидете премногу пребирливи во „ловот“ на богат човек.
Треба да одлучите што точно сакате од првиот состанок, а потоа да им се обратите на сите што можете – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.