Нуркачите од клубот „Охрид“ вчера го чистеа потегот пред ресторанот  „Кај местоно“ во Пештани.

Триесеттината вреќи смет ги подигна екипа на „Охридски Комуналец“ кој ги поддржува сите акции на нуркачите се со цел почист Охрид и околина.

Следниот викенд екипа на Клубот за подводни дејности „Охрид“ заминува на еко акција во Дојран, а потоа се враќаат на чистење на езерското дно во Трпејца и Охрид.

Акцијата во Охрид ќе биде поддржана од Европската Унија но други еколошки друштва и граѓани.

Извор: Публицитет.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.