Седумгодишно куче по име Xiao Bao, што значи „мало богатство“ на кинески, уште еднаш докажа дека кучето е навистина најдобриот пријател на човекот. Неговиот сопственик бил хоспитализиран во болницата во Вухан во февруари поради инфекција со коронавирус, а починал само пет дена подоцна.

Xiao Bao чекаше трпеливо во ходникот во болницата три месеци, надевајќи се дека сопственикот ќе се појави.

Вработените во болницата неколку пати се обиделе да го избркаат надвор од болницата, и секој пат кога ќе го однеле некаде подалеку, тој пронаоѓал пат да се врати и чека.

Во мај, луѓето почнале да се жалат дека кучето престојува во болницата, па персоналот го повикал засолништето за животни каде сега се наоѓа Xiao Bao. Тој е вакциниран, стерилизиран и моментално се бара негов дом.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.