Недалеку од Тетово, во трошна куќа, во услови кои се под секое нормално ниво, поради немаштија животот го поминуваат три генерации, вели во апелот на социјалните мрежи Габриела Јаковска, споделувајќи фотографии од собата во која се одвива секојдневието на баба и дедо, син и снаа и нивните четири малолетни внучиња!
Ми се обрати таткото на децата, не беше сеедно да се види како маж прикрива солзи, и како бара помош за своите деца.
„Ме отпуштија од работа” ми рече, „немам каде, во кризава никому не му треба работник. Те молам сестро, помогни”, го исслушав, едното девојче е со епилепсија, старите со лекови, другото девојче со операција после несреќа, неможе да се постигне. Никој нема ниту плата ниту пензија. Децата три, девојчиња на 10, 13, 14 и 16 ипол години машко, трите се на училиште, учат од дома ама тешко, имаат само еден телефон и тешко успеваат…
Беше дојден со сопругата и девојчето. Уште веднаш им дадов што имав. Стар комјутер кој работи (ама испадна дека не е функционален за да послужи за онлајн настава) и еден таблет кој исто такс е стар модел и не поддржува се што треба за да учат од дома. Еден пакет храна добија од Хуманитарна организација “Свети Спас”, истите вадат потребни документи и ќе бидат најверојатно некој период ставени на континуирана помош, додека застанат на нозе!
ПОТРЕБНО Е БУКВАЛНО СЕ!
Семејството е од Албанска националност!
Во моментов помош е преку потребна бидејќи немаат ниту вода дома нити ништо, мајката ги пере на раце, машина нема. Имам неколку слики кои следат!
Предрасуди не сакам! Ако сакате да помогнете пишете ми за подетални информации ако не сакате одминете го постов!
Солзите се исти на сите, крвта има иста боја на сите, за ваков проблем не ме занима политика и националност!
За се друго што мислите дека можете да помогнете обратете ми се во инбокс или на телефон
078-223-095 Габи!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.