Претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, во средата изјави дека тој и неговиот ривал на претстојните претседателски избори, Џо Бајден, треба да направат тест за дрога пред нивната дебата на 29 септември.
Трамп инсинуираше дека Бајден можеби земал дрога пред неговата дебата со Берни Сандерс за време на демократските избори, додека му изгледал „покомпетентен од вообичаеното“.
Не знам како можеше да биде толку некомпетентен во неговите излагања за време на дебатите и одеднаш да биде во ред против Берни, рече американскиот претседател за „Вашингтон егзаминер“. Поентата ми е, ако се навратиме на некои од неговите бројни дебати, тој беше толку лош. Тој не беше ни кохерентен. А против Берни, тој беше нормален. Како е тоа можно? Затоа бараме тест за дрога, додаде Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.