Лабораториските испитувања на претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, покажаа забележливи нивоа на антитела на Ковид-19 од анализите направени во понеделникот, 5 октомври, вели лекарот од Белата куќа д-р. Шон Конли, објави во средата.
Првичните нивоа на „IgG“ извлечени доцна во четвртокот вечерта не беа откриени, додаде тој.
Претседателот е „без симптоми“ повеќе од 24 часа и „без треска“ повеќе од четири дена, откри неговиот лекар, истакнувајќи дека „од првичната хоспитализација“ не му бил потребен ниту примал дополнителен кислород.
Конли исто така пренесе дека Трамп истакнал дека се чувствува „одличен“ утрово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.