Трагична приказна доаѓа од Бразил каде што 24-годишно момче загинало само неколку минути се верило со својата девојка.
Жоао Гилхерм Торес Фадини и Лариса Кампос со пријателите сакале да ја официјализираат и прослават свршувачката на браната Итупараранга на реката Сорокаба во Бразил, но таа прослава завршила со трагедија.
Жоао ја бакнал својата свршеница и влегол во реката, но само неколку минути подоцна се удавил.
Откако ме бакна, тој ја соблече кошулата и скокна во реката со некои други пријатели. Ми рече да го чекам и дека ме сака. Почнаа да се тркаат до другиот брег. Многумина се откажаа, но тој и мојот зет Габриел продолжија – изјавила Лариса.
Според присутните, Жоао во еден момент едноставно само исчезнал под површината. Пријателите се обиделе да го пронајдат и веднаш повикале служби за итни случаи.
Пристигнале и спасувачки служби, а потрагата со чамци и нуркачи завршила час и половина подоцна когаб било пронајдено неговото тело.
Младите имале закажано датум за венчавката, а на 8 септември требало да ја прослават втората годишнина од нивната врска.
Постојано мислам на него и го сонувам. Сè што ми останува се сеќавања на она што го планиравме и на нашите соништа заедно – вели Лариса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.