Една од најпознатите актерки од поранешна Југославија, Неда Арнериќ пред еден месец го загуби сопругот, и само на најблиските пријатели им се доверила за оваа нејзина лична трагедија.

Докдтор Милорад Мештеровиќ, сопруот на Неда, на средината на декември ја загуби битката со долгата и тешка болест. Докторот и актерката која меѓу другите улоги ја одигра и главната во филмот „Исправи се Делфина“ на режиерот Александар Ѓурчинов од 1977 година, беа во љубов цели 35 години.

„Вистина е. Мојот сопруг почина. Го загубив саканиот по 35 години. Тагата која ја чувствувам е непопислива“, изјавила Арнериќ низ солзи за хрватскиот портал „24 сата“.

Мештеровиќ во својата кариера стекна светски углед затоа што беше претседател на Светското здружение на на стручњаците во максиофацијалната хирургија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.