Дел од сценографијата во Болшој театарот падна врз актерот и го уби, пренесува Тасс, повикувајќи се на извори на руската служба за итни случаи.

Почина актерот Јевгениј Кулеш (38).

Декорацијата падна на сцената за време на операта и го уби актерот. Се обидоа да го реанимираат, но безуспешно, рекол извор од агенцијата Тасс.

По несреќата беше прекината операта „Садко“ .

Театарот Болшој потврди дека актерот е убиен и дека истрагата е во тек за да се утврдат околностите на трагичниот настан.

Инаку, ова не е прва трагедија во Болшој театарот. Во јули, 2013 година повозрасен виолинист настрадаа кога паднал во просторот за оркестар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.