На плажата ал-Сафа недалеку од египетскиот град Александрија, од претходно позната по бројните случаи на давење на капачи, настрада четиричлено семејство, татко, мајка, син и ќерка, соопшти началникот на локалната амбуланта.
АП пренесува дека спасувачкиот тим успеал да ги пронајде телата на 19-годишната девојка и нејзиниот 15-годишен брат, но не и телата на родителите.
Плажата ал-Сафа е популарно локално капалиште, но е позната и по големиот број на трагични случаи.
Поради острата плима и осека и силните струи, ова место е многу опасно за неискусни пливачи, па само во текот на овој месец, вкупно 11 лица се удавија на ал-Сафа и околните плажи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.