Прерано починатиот македонски пејач со светски глас Тоше Проески ќе добие улица во селото Јабука кај Панчево, Србија.
Во ова село живеат голем број Македонци и предлогот за улицата веќе е стасан до Собранието на град Панчево и наскоро треба да се усвои, пишуваат српските медиуми.
На овој начин жителите на селото сакаат да му се одолжат на Проески.
Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе биде именувана по македонскиот пејач.
Проески почина пред 12 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во Хрватска. Имаше 26 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.