Неда Арнериќ, една од најпопуларните југословенски актерки, почина вчера во Белград на 67 години, десет дена пред годишнината од смртта на нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ (63), што никогаш не го прежали. Мештеровиќ почина во почетокот на јануари 2019 година по долга и тешка битка со болеста.

Тој ми е мене сѐ, син, брат, сопруг, пријател, љубовник. Толку сум среќна колку поминавме заедно. Дури со Милорад ја пронајдов вистинската љубов. Како светски човек, знаев дека тој секогаш ќе ме води низ животот, изјави своевремено Арнериќ.

Арнериќ, која ја почна актерската кариера како 13-годишна, станувајќи прва детска филмска ѕвезда во Југославија, и хирургот Милорад Мештеровиќ (63) беа во брак 35 години, сѐ до неговата смрт по тешко боледување во јануари минатата година.

На нејзиниот талент се восхитуваше целата поранешна земја.

Арнериќ иако претходно двапати била во брак, прво со режисерот Дејан Караклаиќ, па со легендарниот актер Раде Марковиќ, најголемата среќа во животот ја пронашла покрај Мештеровиќ.

Сфатив дека тој е прекрасен, благороден, добар, чесен, светски човек кој многу патуваше, кој ќе ме води и секогаш ќе биде чекор пред мене, изјави своевремено Арнериќ.

Со Мештеровиќ се запознала во ноември 1981 по една своја претстава. Се венчаа веќе наредната година, задржувајќи складен однос до крај. Никогаш не добија деца, за што таа кажа дека едноставно не им се посреќило.

Кога почина, остана само тага“, призна Арнериќ, која по смртта на Мештеровиќ се борела и со депресија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.