На официјалниот профил на „Инстаграм“ на британското кралско семејство е објавена порака по повод смртта на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора.

Во него се цитира изјавата на кралицата од 1997 година на прославата на годишнината од нивниот брак.

Тој едноставно беше моја сила и прибежиште сиве овие години, и јас, и целото негово семејство, и оваа и многу други земји, му должиме повеќе отколку што некогаш би барал или што некогаш ќе дознаеме“, рече кралицата во таа прилика, а денеска беше реобјавено како порака на Елизабета по повод смртта на нејзиниот сопруг.

Објавата на социјалните мрежи вклучува и заедничка фотографија од кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.

Војводата од Единбург помина скоро седум децении со кралицата, а во соопштението се додава: „На крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година, принцот Филип се заколна дека ќе биде „поданик и поддршка на нејзиното височество“.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, почина вчера на 99-годишна возраст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.