Последната желба на кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, беше неговиот син Михајло да се ожени, но засега ништо од нејзиното исполнување. Имено Михајло Шаулиќ ја раскина свршувачката со својата партнерка Данијела Мандиќ, иако во јуни наредната година имаа закажано венчавка.
Тие двајцата заедно решиле да ја раскинат веридбата и одвоено да продолжат да живеат. Меѓу нив дошло до разидување во одредни желби, а и со различен карактер се.
Се труделе се да надминат, но едноставно не одело.
Се поминало во цивилизиран тон. Данијела и Михајло останаа во коректни односи, како и нивните семесјтва. На вдовицата на Шабан, Гоца, тешко и паднало што во мноштвото грди работи, се случило и ова. Се надеваше дека после смртта на Шабан и смртта на нејзината мајка им дошло крај на лошите денови за семејството, но очигледно не е така – рекол извор близок до семејството.
Михајло и Данијела разговарале за свадба уште на почеотокот на годинава, но плановите им ги пореметила смртта на Шабан. Тогаш решиле да ја одложат венчавката, но изгледа не им било судено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.