Откако таткото на 14-годишното девојче кое извршило самоубиство изнел обвиненија против Инстаграм наведувајќи дека сноси дел од одговорноста за нејзината смрт, службениците на таа социјална мрежа ветиле дека ќе внесат поригорозна контрола и забрана за објавување на било какви фотографии кои укажуваат на самоповредување.
Најавени се и низа промени во правилникот, вклучувајќи забрана за објави кои прикажуваат било каков облик на самоповредување, но и укажување на се што повикува на тоа, па и пребарувања и тагови кои укажуваат дека некој можеби е во опасност. Од друга страна, фотографии од рани кои заздравеле ќе останат дозволени.
Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Ханкок, пред неколку дена на разговор го повикал Адам Мосери, главен човек на Инстаграм. Ханкок и претходно зборувал дека социјалните мрежи треба да направат повеќе по повод обликувањето на влијанието кое ги имаат на животите и менталното здравје на тинејџерите.
Инаку, одлуката била донесена откако Ијан Расел, татко на 14-годишната Моли, изнел обвиненија дека таа социјална мрежа придонела неговата ќерка да крене рака на себе. Имено, Моли умрела во 2017-та година, на само 14 години, а по смртта нејзиното семејство на нејзиниот профил на Инстаграм пронашло содржини поврзани со депресија и самоубиство.
Расел, меѓу другото, навел дека алгоритмите кои таа социјална мрежа ги користи овозможиле неговата ќерка да има пристап до работи кои многу негативно може да влијаат на психата, поради што постои можност поради таа да кренала рака на себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.