Четиринаесетгодишно момче од Малезија се соочува со камшикување и 30 години затворска казна, откако неговата 15-годишна сестра во декември родила негово дете.
Девојката наводно не знаела дека е бремена, сè додека не се породила во тоалетот во нивната семејна куќа, а никој од останатите членови на семејството не претпоставувал што се случува.
Бебето претрпело повреди на главата, откако паднало во тоалетната шолја.
„Врескаше, врескаше по мајка си барајќи помош“, рекол шефот на полицијата, Хаснан Нарзи Хашим. Во истрагата е откриено дека братот и сестрата неколку пати имале секс, од мај минатата година.
„Како и да е, таа не знаела дека е бремена, бидејќи немала симптоми на бременост, иако 9 месеци во себе носела живо суштество“, стои во извештајот на полицијата.
Момчето го признало инцестот, а казната за тоа е до 30 години затвор и камшикување, според законите во Малезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.