Сингапурската полиција уапси 16-годишно момче откако во школскиот тоалет пронајден е мртов ученик на возраст од 13 години, покрај кого се наоѓала секира. Убиеното момче на телото имало повеќе повреди.

Според полицијата, службениците во понеделникот ја пронашле жртвата со повеќе рани, а болничарот на лице место го прогласил за мртот, пишува Си-ен-ен.

Инцидентот се случил во средно училиште.

Полицијата покрај телото на момчето нашла секира. Инцидентот се случил во средното училиште „Ривер вали“, угледно училиште во западниот регион на Сингапур.

За убиството уапсен е 16-годишник, кој денеска ќе биде обвинет за убиство, стои во полицискиото соопштени.

Прелиминарните наоди од истрагата укажуваа на тоа дека тинејџерите не се позналаве, а мотивот за нападот не е познат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.