„Ти си следна“: Авторката на „Хари Потер“ добила закани по нападот на Салман Ружди

Калеидоскоп 13.08.2022 / 21:41

По нападот на писателот Салман Ружди, Џоан Ролинг се огласила на микроблог.

-Ужасни вести. Се чувствувам многу лошо. Се надевам дека се ќе биде во ред со него, напиша таа.

Авторката на „Хари Потер“ по ова добила коментар „Не се грижи, ти си следна“.

Џоан случајот веднаш во пријавила во полиција.

Како што пренесува британски Дејли Мејл, таа добила закани од екстремисти кои сочувствуваат со осомничениот за нападот на Ружди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.