Култната тераса „Аквариус“ во месноста Ј’но, во центарот на Охрид, самоиницијативно ќе ја отстрани платформата од Охридското Езеро.

Сакам да се заблагодарам на тераса „Аквариус“ за искажаната еколошка свест и општествена одговорност. На повикот за заштита на градот први испратија писмо до локалната самоуправа дека први ќе ја отстранат платфортмата од Охридското Езеро, а после ќе видиме како овој простор соодветно и плански ќе го уредуваме. Од тука упатувам апел до сите да почнеме да го креираме новиот Охрид со една позитивна намера, а не со репресивни мерки на што не сакаме да бидеме принудени, рече денеска градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот Георгиески, вчера се сретнал со сопствениците на угостителски објекти во стариот дел на Охрид на која се разговарало за платформите во Езерото, кои се дел од забелешките на Реактивната мисија на УНЕСКО. Биле разгледани решенија согласно урбанистичките планови кои би можеле да се инкорпорираат во иднина.

Ова треба да биде нов почеток на Охрид, зелен Охрид, еколошки Охрид, град со едрилици и безмоторни возила, со плажи достапни за сите граѓани и посетители кои ќе можат да чекорат низ стариот дел на градот, смета Драган Спасески.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.