Угина најпознатио штрк на Балканот Малена. Неа пред 28 години, ја нашол пензионерот и вдовец Стјепан Вокиќ од Славонски Бродсо скршено крило, пренесува „Index“.
Таа не јадеше 11 дена, се обидов да ја хранам, беше тука кај мене дома, Клепетан остана тука, но не сака да оди во гнездото. Тој сè уште мисли дека таа е тука некаде. Многу ми е тешко. Крилото ѝ беше скршено долго време и ете. Дојде и ветеринарот последните неколку дена, но тој веднаш рече дека нема помош за неа“, потврдил Стјепан Вокиќ.
Малена имала и своја љубов, а тоа е мажјакот Клепетан, кој ѝ се враќал секоја година и заедно имале 66 деца. Секоја есен Клепетан одел во Африка, додека Малена останувала во селото со Стјепан.
Ова е филмот за нивната љубов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.