Осум години по разводот на Том Круз и Кејт Холмс, актерот и нивната ќерка Сури немале контакт. Главна причина за разводот и за тоа што Том не се гледа со детето е неговата религија саентологијата. Актерката има старателство над детето, но Том имал право да ја гледа по 10 дена во месецот. Тој одлучил да се лиши од татковството, бидејќи Сури  не ѝ припаѓала на неговата религија.

Сепак, западните медими пишуваат дека работите се менуваат.

Како што пренесува „In Touch Weekly“, Том е во процес на напуштање на саентолошката црква за да може да ја обнови врската со Сури.

Наводно се прекршил кога до него пристигнале најнови фотографии од сега веќе тинејџерката Сури. Така, Том решил дека сака да биде дел од животот на ќерка си.

Виде колку години има и тоа промени сè. Том ги жртвуваше најважните работи во животот заради саентологијата и ако некогаш се откаже од тоа, тоа ќе беше заради Сури, тврди извор за магазинот.

Странските медиуми пишуваат и дека Том Круз редовно ѝ пишувал писма на Сури, но дека нејзината мајка Кејти Холмс ѝ ги криела. Наводно Сури ги пронашла писмата во куќата на родителите на Кејт во Охајо, ги прочитала и изразила желба да се види со Том.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.