Таткото на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, за српски „Блиц“ открива дали има било каква вистина во тврдењата дека неговиот среден син Марко се оженил со долгогодишната свршеница – бразилската дизајнерка Летиција Тесари минатата година, како и дека ги чувал тие информации строго доверливо.
Свадбата на нашите деца е нешто најубаво што ние како родители можеме да го доживееме и сигурно нема да го скриеме кога ќе се случи, тоа е нешто со што се гордееме, објаснил Срѓан Ѓоковиќ за „Блиц“.
Тој додал и дека Марко во моментов е во години на размислување за свечениот чин, но дека тој и неговата сопруга Дајана не се мешаат во одлуките на нивните синови.
Марко има 28 години и полека влегува во период кога вакво нешто може да се случи. Секако, кога тој ќе реши да го направи тој чекор, ние нема да го скриеме, сите ќе го знаат тоа, рече Срѓан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.