Американецот Хал Вон дефинитивно ја заслужува титулата најдобар татко на светот. Откако дознал дека неговата ќерка мора да работи за Божиќ, тој одлучил да оди на сите летови на кои е ангажирана за Божиќ, за да мине време со неа.
Хал Вон летал со својата ќерка Пирс од Њу Орлеанс до Детроит, а потоа имало уште 3 куси летови на кои Хал повторно бил патник.
Мајк Леви, бил сопатник на Хал на еден од летовите и кога слушнал зошто Хал лета бил воодушевен од неговиот потег, па приказната ја споделил на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.