Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на социјалните мрежи се пофали дека по втор пат станал дедо.

Внуката на Џафери ќе се вика Ајола.

Дедо по втор пат! Денес нашето семејство се збогати со уште еден нов член, ни дојде внуката – Ајола! Добредојде меѓу нас ангел, дедо ти посакува убаво растење, здравје и среќа во секој чекор во животот! – напиша Џафери на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.