Жена од Милано платила на таксист 1.370 долари за да дојде до Рим и да ја избегне блокадата поради коронавирусот.

Прифатив без размислување. Тоа ми е работа, рекол таксистот со 20-годишно искуство. Пред одење ја прашав девојката дали знае со кои трошоци ќе се соочи.

Стигнале во Рим шест часа подоцна, во 04:30 по локално време, но, и таму жената немала многу време за уживање во својата слобода во Рим, откако карантинот во Милано и 14-те околни покраини се проширил на цела Италија во понеделникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.