Тајванските власти денеска го објавија изгледот на новите корици за пасоши во земјата, кои се променети за да се избегне сличност со кинеските пасоши.
На предната корица на новиот тајвански пасош, зборот „Таиван“ е зголемен, а официјалното име на земјата, „Република Кина“, е значително намалено.
Владиниот портпарол Тинг Ји-минг на прес-конференција рече дека дизајнот е заснован на одлука на тајванскиот закон во јули и дека неговата цел е „да се избегнат тајванските државјани да бидат погрешно заменети со кинезите кога патуваат во странство или се на меѓународни размени“, рече тој.
Министерството за надворешни работи на Тајван ќе започне со издавање на новите пасоши во јануари.
Ву рече дека од избувнувањето на епидемијата со Ковид-19 во јануари, многу земји ја засилиле контролата врз имиграцијата и целта на променетите корици е да се избегнат ситуации кога носителите на тајвански пасош може да бидат погрешно идентификувани како кинески државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.