Појавувањето на Кејт Мидлотон и принцот Вилијам на доделување на наградите БАФТА во недела вечерта, предизвика големо внимание на светските медиуми, со оглед на тоа дека не престанува да се полемизира за нивниот однос, кој, како што се шушка, е разнишан.
Освен тоа веќе два дена се зборува за стајлингот на Кејт Мидлтон, со оглед на тоа дека Војвотката од Кембриџ на доделување на БАФТА наградите носела идентична тоалета каква што носела во 2012 година на прием во Малезија.
Според медиумите, Кејт со ова сакала да испрати посебна порака, дека без оглед на тоа што припаѓа на кралското семејство, многу е скромна и дека нема потреба за секој настан да купува нова тоалета, бидејќи една може да се облече и два пати.
Освен тоа сите зборуваат за однесувањето на Кејт и Вилијам. Тие заедно прошетаа по црвениот тепих, но ниту еднаш не се ни погледаа, ниту пак допреа. Кејт била намрштена цело време, а Вилијам бил скиселен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.