Италијанецот Андреа Муци (21) успеа да запомни бројка од 630 цифри за пет минути. Доколку неговото достигнување биде официјално признаено, тоа ќе биде светски рекорд.

Младиот Италијанец, со рекордни 8594 поени, победи на натпреварот „Мемори Екс-Ел“ (Memory XL) што се одржа во Торгелоу, источна Германија, .

На настанот учество зедоа 1.700 луѓе од пет земји. Натпреварувачите требаше да покажат вештини за помнење слики, зборови и една долга низа броеви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.