Многу туристи и светски патници сметаат дека пробувањето на локалните домашни пива е неизбежен дел од нивното патување. Поради тоа, американскиот портал „Експензивити“, направи споредба на цените на пивото во 58 земји.

Така, жителите на Босна и Херцеговина, на пример, се на осмо место на листата на најголеми потрошувачи на пиво. А, бидејќи просечната цена е два долари за шише (помалку од две евра), порталот заклучува дека босанските граѓани годишно трошат по околу 650 долари (540 евра) на пиво.

Според истражувањето на „Експензивити“, во Македонија, пак, се трошат по 258 евра годишно, а просечната цена е околу две евра за шише.

Најскапото пиво на светот се наоѓа во блискоисточната држава Катар. Во просек, пивото таму чини 11,26 долари по шише. Сепак, во Катар не само што ќе платите најмногу за едно пиво, туку ќе мора да добиете и посебна дозвола за да можете да го купите. Причина за така високата цена на пивото е тоа што Катар воведе 100 отсто данок на увоз на алкохол во пресрет на Светското првенство во фудбал, коешто ќе се одржи 2022 година.

Најевтино пиво пијат жителите на Јужна Африка – чини 1,68 американски долари за шише.

Лидер според стапката на потрошувачка на пиво е Чешка  каде што во просек, една личност пие дури 468 шишиња годишно.

Затоа, пак, земјата чии граѓани трошат најмногу пари на пиво е Германија, кои пиењето пиво ги чини речиси 2.000 долари годишно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.