Познатиот американски виолончелист со кинеско потекло, Јо-Јо Ма ги изненади присутните во центар за вакцинација против Ковид-19, во државата Масачусетс, каде што, откако прими вакцина, одржа импровизиран концерт.

Музичарот седна во чекалната и одржал мини концерт од 15 минути со цел да ги расположи своите сограѓани кои чекаа да примат вакцина против корона вирусот..

Раководството на центарот за вакцинација објави дека уметникот сакал со неговата музика да се заблагодари за вакцинацијата на свој уникатен начин.

Јо-Јо Ма редовно објавува свои интерпретации на Бах, Бетовен и други композитори на социјалните мрежи во изминатата година.

Во овие моменти на вознемиреност, сакам да продолжам да споделувам музика која ни дава утеха – порачува уметникот .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.