Нема крај на годината и нема исчекување на новата без пресметка, но и потсетување на предвидувањата на Нострадамус за онаа претстојната.

Ако може да му се верува на Нострадамус, планетата во 2022 година ја чекаат не толку добри работи. Нострадамус нема добри предвидувања за 2022 година. Покрај заканите од вселената, од „земните“ проблеми, Нострадамус предвидел и голема војна која и се заканува на Европа, глобално затоплување, пад на вредноста на доларот, како и дека сето тоа ќе доведе до голем глад.

Нострадамус, француски лелар и астролог со вистинското име Мишел де Ностредам, успеал да предвиди некои клучни моменти од човечката историја како што се 11 септември, подемот на Адолф Хитлер во Германија, смртта на Кенеди и големиот пожар во Лондон.

Иако умрел во 1566 година, на светот му оставил многу пророштва, односно 942 кои продолжуваат до 3793 година.

Пророштвото од кое многу луѓе се плашат е дека се подготвува Трета светска војна, која ќе трае 30 години.

Удар на метеор Последните неколку години предвидувањата на Нострадамус вклучуваат голема закана од вселената. И за 2022 година, францускиот астролог предвидел „оган кој паѓа од небото“. Според него во Земјата ќе удри астероид кој ќе предизвика големи цунами кои би уништиле дел од светската популација.

Војна во Европа Едно од предвидувањата на Нострадамус за 2022 година е војната во Европа и инвазијата на Франција. Во своите стихови, меѓу другото, напишал дека ќе има голема штета.

Бидејќи повеќето од неговите предвидувања се нејасно напишани во стихови, не е познато дали се работи за избувнување на Третата светска војна, или можеби нешто друго.

Инфлација Друга мака што го чека светот следната година според Нострадамус е растот на цените и пропадната економија. Тој предвидува дека инфлацијата ќе излезе од контрола, а вредноста на американскиот долар целосно ќе падне. Оние кои ги толкуваат овие предвидувања велат дека луѓето ќе инвестираат се повеќе и повеќе во злато, сребро и биткоин.

„Медот ќе чини повеќе од восокот за свеќи“ е еден од стиховите од неговото предвидување во кое наведува дека цената на пченицата значително ќе се зголеми.

Глобалното затоплување Глобалното затоплување и свесноста е една од најжешките теми во последните неколку години. Да потсетиме, во текот на оваа година бевме сведоци на многу природни катастрофи како поплави и пожари, па толкувачите велат дека ваквото предвидување не е изненадување.

Глад Ако се остварат предвидувањата за војна, глобално затоплување и инфлација, логично е да се претпостави дека ќе се оствари следното предвидување на Нострадамус за зголемување на гладот ​​во светот.

Сепак, тука не е крајот. Зголемениот број на гладни луѓе ќе доведе и до зголемување на миграцијата на населението. Како резултат на тоа, предвидува Нострадамус, сè повеќе од нив ќе умираат на море, обидувајќи се да стигнат до бреговите на други земји.

Вештачка интелигенција Технологијата толку многу напредна во последните децении што е тешко да се каже што носи иднината. Нострадамус не е оптимист. Вештачката интелигенција, смета Нострадамус, може да го заземе светот. Во своите стихови тој споменува „нов мудрец“ чии ученици се „повикани да бидат бесмртни“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.