Во видео што го сподели на ТикТок, Кејт Ворт (33), ја опишува својата борба против корона вирусот, но и пеколот што следувал откако добила негативен тест.
Кејт вели дека пред да се зарази со Ковид-19, била целосно здрава, но сега мора да зема терапија со лекови, поради што за своите медицински трошоци плаќа 6.000 долари. Таа истакнува дека квалитетот на нејзиниот живот значително се влошил и дека го снимила видеото за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат, пишува „Базфид“.
Се разбудив на 9 септември со треска, а температурата ми беше 40 степени. Ги трпев најлошите болки во телото што некогаш ги имам доживеано. Не можев ниту да јадам, ниту да пијам. Два дена подоцна, го изгубив сетилото за мирис и вкус, а следниот ден завршив во болница. Не можев да дишам, не можев да одам и видот ми беше матен, а температурата беше сè уште многу висока, дури и со примените лекови. Добив пневмонија – раскажува таа во видеото.
@worldsokaitestDon’t care about getting covid? HOPE YOU HAVE GOOD INSURANCE. #covid #FreeFreeDance #johnsonandjohnson #texas #fyp
Бев прикована во креветот 13 дена со температура, со силни болки, отежнато дишење и тинитус (зуење во ушите). По две недели, почнав да се чувствувам подобро, но не се вратив во состојбата во која бев пред да се заразам со корона вирусот – вели Кејт.
Таа објаснува колку длабоко корона вирусот влијаел на нејзиниот живот.
Три месеци откако го преболев корона вирусот, почнав да се чувствувам навистина лошо. Се онесвестив во кујната, па ме однесоа на ургентно. Тоа се случи повеќепати во јануари, сè додека не отидов кај мојот кардиолог, кој видел еден куп луѓе како мене – вели Кејт.
Таа додава дека никогаш порано немала кардиоваскуларни проблеми.
Дури се тестирав и за генетски наследни болести, но сè беше во ред. Ми дијагностицираа срцеви аритмии, пролапс на митралната валвула, постојан тинитус, замор и несоница. Јас се онесвестувам речиси секој ден, а тироидната жлезда ми е премногу активна. Пијам толку многу лекови, кои никогаш не сум ги земала пред инфекцијата – вели Кејт.
Таа вели дека би сакала луѓето да престанат да размислуваат за тоа како стапката на преживување е 99 отсто.
Да, преживеав, но по која цена? Не можам повеќе да одам во важбалница, ниту, пак, да трчам, не можам да си играм со моите деца како порано. Јас сум постојано болна, бидејќи сите овие лекови имаат и свои нуспојави. И се сметам за среќна. Ме вознемирува колку луѓе се подготвени да играат руски рулет со своето здравје и здравјето на луѓето околу нив – вели Кејт.
Таа вели дека се вакцинирала затоа што се грижи за луѓето околу неа и за нејзините најблиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.