Александра и Љупчо, младиот брачен пар што ја направи својата свадбена веселба на 5 мај годинава, реши свадбените подароци да ги преточи во играчки и да ги донира таму каде што е најпотребно.
Во нивните свадбени покани стоеше: „Цвеќињата и бомбоните нека се во форма на детски играчки за да ги израдуваме дечињата од дневните центри “.
Нивната љубов започнала токму на хуманитарна акција кога и двајцата биле волонтери. Токму затоа, во знакот на хуманоста, собраните играчки денес ги донираа во Дневниот центар,,Зраци“, во дневниот престој „Добротољубие“, како и во детското одделение при Општа болница Охрид.
И двајцата велат дека хуманоста е најубавиот вирус со кој може човек да се зарази. Публицитет.мк им посакува многу љубов, среќа и дечиња , долг заеднички живот, но и да ја продолжат и во иднина да ја шират хуманоста.
извор: Публицитет.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.