Јунис Кенеди Шрајвер и оддаде почит на својата баба, по која го носи името, и на својата сведба беше облечена во неверојатната венчаница од Диор на нејзината баба.

Баба ми го носеше на нејзината венчавка со мојот дедо на 23 мај 1953 година, а 67 години подоцна, го носев за да се омажам за Мајки. Венчаницата во ванила нијанса  имаше неколку дупки , но ми беше сеедно – вели Јунис за магазинот „Вог“.

Јунис е менаџер за уметност и експериментален развој на брендови во „Бест бадис интеренешенал“, организација основана од нејзиниот татко Ентони Шривер, посветена на помагање на лица со интелектуална попреченост и развој. Таа е внука на Јунис Кенеди Шрајвер, сестрата на Џон и Боб Кенеди, истакнат филантроп.

Нејзиниот сопруг Мајкл „Мајки“ Серафин Гарсија е претседател и извршен директор на „Оушн аутомотив фгруп“, застапник за луксузни автомобили.

Двојката првично планираше да каже „Да“ пред 200 гости, но мораше да ги смени плановите поради пандемијата, поканувајќи ги само нивните потесни семејства, околу 32 лица.

Тие се венчаа на мала церемонија во католичката црква Свети Патрик во Мајами, проследено со прием во клубот за сурфање на луксузниот хотел „Четири сезони“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.