Новинарката Нашата Мерсовска и нејзиниот партнер Александар Ристовски минатиот викенд направија свадба и црковна венчавка. Главна гостинка на забавата беше нивната ќерка Каја, која има девет ипол месеци.

Уште еден убав повод за веселбата била крштевката на Каја, која Мерсовска и нејзиниот партнер решиле да ја направат на истиот ден со свадбата.

Заврши свадбата, а ние два дена се опоравуваме. Забавата беше во „Ла Тана- Камник“, мислам дека беше одлична журка, музиката и коктелите ептен завршија работа. Гостите си поминале добро, а ние уште подобро. На почетокок сакавме да биде само крштевка, но бидејќи и ние не бевме венчани, решивме бракот да го озваничиме и пред Бога, па потоа да се собереме со најблиските и да прославиме“, ни раскажа уредничката на бизнис вестите на „Сител“.

За нејзината ќерка, Наташа вели дека била херој на вечерта.

 Херој на вечерта беше Каја, која ја издржа и галамата и музиката, а и лично се забавуваше и играше“, додаде новинарката за својата ќерка.

Повеќе на женскимагазин.мк

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.