Видеа од масовна „тајна“ свадба, на која присуствувале околу 7.000 луѓе без маски, ги разбесни американските власти. На снимките е прикажана преполната синагога Сатмар во Бруклин во која можат да се сместат 7.000 луѓе, а настанот се случил на 8 ноември, среде пандемија на коронавирус.
Во еврејскиот весник „Дер Блат“ отпосле е раскажано како организаторите испланирале како ова венчавање на Џоел Тајтенбеум, внук на главниот рабин, да го сокријат и од властите и од јавноста.
Сè oдеше од уста до уста, без интернет пораки, постери на синагогата, покани по пошта, ниту текстови по медиумите, пишува весникот за „подвигот“.
Откако овој текст беше пренесен и во „Њујорк тајмс“, веднаш реагираше гувернерот на Њујорк Ендру Куомо.
Она што е сторено е незаконско. Исто така, станува збор за непочитување на граѓаните на Њујорк, рече тој.
За организаторите веднаш ќе биде напишана казна од 15 илјади долари, што е релативно мала цена. Другите рестрикции гувернерот не ги наведе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.