Славната британска манекенка Стела Тенант која во декември ненадејно почина на 50 години, се самоубила, потврди семејството, пренесува ВВД.
Веќе подолго време музата на Карл Лагерфелд имала проблеми со менталното здравје.
Стела беше позната британска манекенка, внука на Ендру Кевендиш, војвода од Девоншир. Таа студирала вајарство на „Winchester School of Art” а ги красеше насловните страници на многу светски познати магазини, меѓу кои и на Вог.
Тенант во август лани објави дека се разведува од сопругот Дејвид Ласнет по 21 година брак.
Го запозна во врвот на популарноста, а по гламурозната свадба се преселија на огромниот имот на нејзините родители во Шкотска. Заедно имаат четири деца, на возраст од 15 до 22 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.