Следната година е престапна година а тоа значи дека февруари во 2020 ќе има 29 дена. Годината започнува во среда 1 јануари а завршува во четврток 31 декември.

Да се има еден дополнителен ден во годината звучи возбудливо. Сепак, тоа исто така значи дека многу луѓе ќе работат еден ден бесплатно и вашите сметки во февруари може да бидат малку повисоки отколку што очекувате. Покрај тоа, во многу култури луѓето веруваат дека престапната година не е успешна па дури и може да предизвика болест во семејството.

Како и да е, ако сакате да уживате на 29 февруари и сакате да избегнете проблеми до 31 декември, обидете се да избегнете да ги правите следниве работи, освен ако не ви е навистина важно:

Венчавка на петок 13ти и престапни години не се најдобри времиња за врзување на јазолот. Се верува дека луѓето кои се венчаат во мај во престапни години ќе ги бие малер. Во повеќето земји од Европа паровите избегнуваат да стапат во брак во престапна година бидејќи веруваат дека бракот нема да биде успешен. Според голем број на студии и статистика, браковите во престапна година се многу полоши од обичните бракови.

Купување куќа или кола – ако треба да купите нова куќа, подобро е да го направите следната година. Ако итно ви треба куќа, треба внимателно да изберете. Истото важи и за автомобилите. Можеби тоа е суеверие, но престапната година е всушност лошо време за големи чекори.

Предлагање брак – престапна година, поточно престапен ден (29 февруари) се верува дека е единствениот момент кога жената може да предложи брак. Доколку не сте подготвени за ова, не правете го тоа на 29 февруари. Поминаа деновите кога на жените не им беше дозволено да предложат. Денес, жената има право да предложи брак во кое било време од годината. Збогум стереотипи!

Предвремено славење роденден – ако сте родени на 29 февруари, вашиот роденден го славите или на 28 февруари или на 1 март. Или, воопшто не го славите. Оваа година, роденденот треба да го прославите на 29 февруари. Инаку, може да ве бие малер цела година. Повторно, ова е уште едно суеверие. Замислете колку сте среќни што имате роденден на престапен ден. Шансата да се родите на 29 февруари е една од 1.461. Неверојатно. Вие сте еден од 5 милиони такви низ целиот свет. Честитки!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.