Судот проценил дека пејачката Бритни Спирс (39) е подготвена да зборува во лично име.
Нејзиниот адвокат, Семјуел Д. Ингам Трети рекол дека Бритни го замолила од судот да побара статусно рочиште на кое таа ќе може директно да му се обрати на судот.
Адвокатот не открил за што точно Бритни сака да зборува пред судот, но рекол дека се работи за статусот на старателството.
Судијката Бренда Пени ја одобрила молбата и рочиштето го закажала за 23-ти јуни.
Бритни од 2008-ма година е под надзор на старател и отворено се противи нејзиниот татко Џејми Спирс да биде старател на нејзината работа и финансии. Џејми и претходно се повлекол од таа позиција поради здравствени проблеми.
Инаку, Бритни моментално комуницира со своите фанови преку социјалните мрежи каде објавува интересни снимки со долг опис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.